На сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот “ во Велес вечерва ќе се одржи премиерата на претставата „Ана Комнена“ по текст на Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев.


Во претставата учествува целокупниот ансамбл на Велешкиот театар, а главната улога ја толкува актерката Кети Борисовска.

Претставата ја следи личната драма на Ана Комнена - наследничка на Византискиот трон која никогаш нема да го добие жезлото поради тоа што е жена. Се работи за комплексна, интелигентна претстава која ќе најде свое место не само меѓу велешката публика туку и на многу фестивали -  вели уметничкиот директор на Велешкиот театар Васил Зафирчев за Канал 5.

Со него разговараше Ана Милевска Георгиева.

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 19:31
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:24

коментари

остави коментар