Увозниците кои не сакаат да дадат изјава пред камера низ смеење велат дека во моментов потрошувачката е најголема, возилата во зимскиот период трошат многу повеќе па затоа и цената се крева за тие да направеле екстра заработувачка иако тоа е врз грбот на возачите.

Зголемувањето на цената на авто гасот  за речиси 50 проценти сериозно влијае врз буџетот на граѓаните бидејќи на овој енергенс се движат најголемиот дел од автомобилите но и градежната механизација.

За познавачите на состојбите на пазарот спорно е што токму овој енергенс кој не е регулиран во ист временски период на повеќе различни правни субјекти поскапува за иста вредност. Тоа дава индиции дека картели ја контролираат цената и ја штелуваат според потрошувачката. Но според закон токму договарањето на сопствена цена која ја прифаќаат сите не е дозволена бидејќи се нарушува конкуренцијата.

Дека цената е пресметана од ракав покажуваат и неколку бензински станици кои течниот нафтен гас го продаваат за цена од 29 до 30 денари за литар што е за над 10 проценти пониска од генарално договорената од компаниите кои имаат поголем број пумпи низ државата.

Антимонополската комисија по новинарски прилог за постоење на индиции за картелско здружување покрена случај уште пред 5 години но немаше ниту разрешница ниту пак последица бидејќи немале сведок кој ја договарал цената а требало сам да се пријави за кривичното дело па само така на тој начин можело да се утврди постоење на картелско здружување кое очигледно прави неосновата екстра заработувачка.


коментари

остави коментар