Турчин скапо го чинеше паркирањето возило пред приватна зграда, откако бесен сосед врз автомобилот му фрлил машина за перење алишта.

Несекојдневниот инцидент се случил во Измир.

Гневниот сопственик прво истурил бела боја врз автомобилот на непримерниот возач, но откако видел дека тоа не помогнало, од балконот фрлил и машина за перење, глетка која со неверување беше проследена од случајните минувачи.

Датум на објава: понеделник, 09 јануари 2017 во 09:52
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар