Учителката Драгица , која по смртта на синот од  ланската Новогодишна ноќ, живее  во пеколот, секојдневно ги пренесува своите чувства на хартија.
Се обидува да ги исполни желбите на синот, чиј живот прерано згасна, на само  26 години. Останаа спомени, останаа неостварени сништа и неизмерна тага и болка.

Куќата денес е темна и тмурна. Празна е  собата на Димитар, но иста е како лани, Драгица тука седи и плаче, но не допира ништо.  Сака токму  тука да се сеќава на синот.

Нејзината тага, горчина и солзи ги пренела на хартија, раскажувајќи за изгубениот живот.

- Чувствата ги пишував во овој дневник првенствено да си помогнам себе си  болката да стане малку поподнослива  а целта ми беше да ги поттикнам многу мајки кои ги изгубиле своите синови и ќерки да започнат со пишување да ги искажуваат своите чувства во дневник, болката нема да исчезне ноќе стане поподнослива   , изјава Драгица Матилоска.

Сиротата мајка книгата  ја започнува со пораката ,,Среќна Нова година мамо”, која ја добила од саканиот син, еден час пред да биде убиен. Во дневникот отворено раскажува за горчината, осаменоста и  безнадежноста, а целта е да не се заборави и никогаш да не се повтори крвавата новогодишна ноќ во Охрид.

-Јас и понатаму ќе продолжам да пишувам  дневник на тој начин ликот и името на Димитар Матилоски никогаш нема да бидат заборавени. На  крај сакам да кажа и и една мисла сакајте ги своите деца и кога се криви затоа што животот понекогаш може да ги  казни и кога не се криви, додава Матилоска.

Книгата ,,Живот после изгубен живот” , по симболична цена  ќе биде во продажба на крајот на месец Јануари. Средствата  ќе бидат наменети за хуманитарни цели, за помош на нејзин  поранешен ученик, кој боледува од мускулна дистрофија. 


Датум на објава: четврток, 05 јануари 2017 во 14:12
Соња Рилковска
Обновено во: 14:24

коментари

остави коментар