Пред очите на продавачите на луксузeн накит во центарот на Париз, соопшти полициски извор, цитиран од Франс прес.

Маж на возраст од околу 40 години, кој се претставил како “специјалист за накит, кој вршел зделка од туѓо име”, влегол во продавницата за накит на швајцарската марка “Де Грисогоно” на 30 декември утрото со една  романтична средба.

Во посебна просторија за клиенти златарот ги  изложил камењата и накитот пред непознатиот, кој покажал интерес за “два необработени дијаманти и два прстени со дијаманти и скапоцени камења”.

На крајот, тој заминал без да купи ништо.
Дури попладнето истиот ден златарот сфатил дека утринскиот посетител  му украл четирите предмети, кои ги заменил во кутии со копии.

Штетата се проценува на 5,5 милиони евра.

Датум на објава: четврток, 05 јануари 2017 во 11:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар