- Ако сега имаме околу 3.000 градежни работници кои работат на патиштата низ државата, со новите експресни патишта што ќе ги градиме, ќе ја зголемиме бројката за двојно. Од 2006 година досега над 1.360 километри патна мрежа е реконструирана. За ова треба визија и време за проектирање. Како партија внимателно почнавме со реконструкција на локалните патишта и досега имаме завршено околу 404 локални патишта, а сега се фокусиравме на поголемите проекти кои бараат повеќе време за проектирање и за да ги добиете средствата од меѓународните институции, рече Мисајловски. 

Тој посочи дека во моментот во Македонија се градат три автопати и оти градежните активности се одвиваат според планираната динамика. Следната година се очекува да биде пуштен автопатот од Демир Капија до Смоквица, а на автопатот од Скопје до Штип завршени се 50 проценти од работите. Во полн ек се работи и на автопатот од Кичево до Охрид каде се ангажирани над 1.200 работници.

Распишан е и тендерот за нов експресен пат од Ранковце до Крива Паланка, следната година се планира нов експресен пат од Крива Паланка до Македонска Каменица, а експресниот пат од Велес до Штип е при крај.

Во однос на железничката инфраструктура и набавката на нови возови, Мисајловски најави дека за два до три месеци ќе пристигнаат уште шестте возови во Македонија. 

Заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, кој исто така присуствуваше на дебатата, истакна дека од 2006 година досега имаат исплатено над една милијарда евра субвенции во земјоделството. 

Според него, ефектот од спроведените политики во земјоделството е голем, а зголемен и е извозот на земјоделски производи.

- Во 2005-та година имало 10.000 евидентирани земјоделци, денес во регистарот има 100.000. Со сетот на мерки од изминативе години се овозможи самовработување за земјоделците и за проширување на бизнисот. Се субвенционира набавка на добиток, на земјоделска механизација, се обезбеди достоинствен начин на живот за земјоделците пензионери. Во минатото кога не се водело грижа за нив, тие работеле ама ги немало во евиденцијата. Сега можат да си остварат достоинствена пензија, истакна Костадиновски./МИА

коментари

остави коментар