Во премиерното полуфинале европските Бразилци предводени од големиот Кристијано Роналдо со 2-0  го совладаа најпријатното изненадување на ЕУРО 2016 селекцијата на Велс.

По полувремето без постигнат гол, победникот на полуфиналето беше решен во вториот дел за само три минути од 50 до 53 минута.

Foto: Getty images
Капитенот на Португалците во 50 минута ја надскока одбраната на Велс за водство од 1-0 , само три минути подоцна Нани ја казни грешката на одбраната на Велшанита и ги постави конечните Португалија - Велс 2-0.

Foto: Getty images
За Роналдо ова беше третиот гол на ЕУРО 2016.

Селекцијата на Португалија во своето седмо полуфинале успеа да стигне до премиерното финале на големите натпреварувања.По трите ремија во натпреварите по групи, победата над Хрватска во продолжение и триумфот над Послак на пенали, во вистински миг Португалија го одигра најдобриот натпревар на првенството и заслужено стигна до големото финале во Париз.

Велс предводен од неверојатиот Герет Бејл нема за што да жали, бидејќи селекцијата од островото го постигна најголемиот успех во историјата. 
Foto: Getty images

Португалија во неделното финале на Сен Дени во Париз ќе го очекува победникот од утрешното финале пред финалето меѓу светскиот шампион Германија и домаќинот на шампионатот Франција.

Датум на објава: среда, 06 јули 2016 во 22:58
Крсте Галевски
Обновено во: 23:01

коментари

остави коментар