Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата facebook страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“

Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.

Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години. - дополни Трипуновски.

Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија.“ - заврши Трипуновски во својата објава.

Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во акција по повод шестдеценискиот јубилеј.

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Како што информира утрово претседателката на Судот Добрила Кацарска, со ова институцијата ја покажува и својата хумана страна.

-Уставниот суд одбележува 60 години постоење и по повод овој јубилеј најави низа активности. Вработените дадоа идеја една од тие акции да биде и крводарителската, што значи Судот ја покажува и својата хумана храна. Повеќе од половината вработени се пријавија за давање крв или од вкупно 60 повеќе од 30 се согласни да дадат крв, изјави Кацарска.

Акцијата се одржува под мотото „Биди хуман - спаси живот”, во соработка со Црвен крст на Република Македонија. Почна во 9 и ќе трае до 14 часот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето крв и мотивирање на поголем број луѓе за доброволно дарување.

Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години

САД планираат и иницираат воени конфликти ширум светот: против Русија, Палестина, Кина, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

„САД планираа серија воени конфликти, а за тоа сведочи издвојувањето на 95 милијарди долари за овие цели. Војната на Украина против Русија беше планирана најмалку 20 години за да ја уништи моќта на Русија, но САД не успеаја да го направат тоа. Денес Русија е посилна економски, политички, социјално, технолошки и воено“, изјави венецуелскиот лидер во авторската емисија „Со Мадуро плус“.

Војната во Палестина се води за да се „консолидира моќта на ционизмот на Блискиот Исток“, истакна Мадуро и посочи дека САД „денес се обидуваат да започнат војна во Тајван против братската Кина“.

Тој, исто така, истакна дека САД формирале база за ЦИА и Јужната команда на американските вооружени сили на територијата на Гвајана Есекибо, која Венецуела ја смета за дел од својата земја.

„Тие планираат да започнат воен конфликт овде“, изјави претседателот на Венецуела и заклучи дека за САД војната е политичка и економска работа.

Хутите нападнале товарен брод во грчка сопственост

Според истите информации товарниот брод „Кикладес“ бил нападнат со три проектили и дронови, но продолжил да плови.

Товарен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Малта бил на мета на напад од Хутите во Црвеното море, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации товарниот брод „Кикладес“ бил нападнат со три проектили и дронови, но продолжил да плови.

Паралелно, на мета на напад на Хутите биле и уште еден товарен брод, како и два американски воени бродови.

притисни ентер