Тејлор Свифт нема да се појави на престижната Мет Гала, позната е причината

Тејлор Свифт не доаѓа на Мет Гала, која се одржува на 6 мај, потврдија за магазинот People.

И покрај информациите дека ќе биде на Мет Гала, поп-ѕвездата сака да се фокусира на својата претстојна европска турнеја. Нејзиниот фокус се пробите и подготовките за турнејата, која започнува на 9 мај во Париз, а потоа се шири во остатокот од Европа во текот на пролетта и летото.

Свифт веќе шест пати присуствувала на престижниот моден настан.

Овој месец Тејлор го издаде албумот Tortured Poets Department, кој веднаш стана апсолутен хит. Нејзиниот албум доби милијарда слушања на Spotify за само една недела.

За потсетување, зад Мет Гала стои Ана Винтур, долгогодишната уредничка на американскиот магазин Вог. Секоја година бројни познати личности се собираат и шетаат на црвениот тепих на музејот Метрополитен во Њујорк, а фокусот секогаш е на нивните креации.

Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени

Земјоделци од селата Иловица и Штука во Општина Босилово денеска го блокираа патот до нивните села заради ниските откупи цени на младиот компир.

Со трактори и земјоделска механизација тие ја блокираа крстосница што води кон двете села револтирани од откупната цена на младиот компир која денеска изнесувала 15 денари за килограм.

Според земјоделците, младиот компир треба да се откупува за најмалку 25 денари за килограм, бидејќи сегашната не ги покрива ниту основните трошоци за производство.

Земјоделците од Иловица и Штука од вчера имаат договор да не земат амбалажа и да не го предаваат родот.

Дачиќ: Во акцијата Армагедон уапсени седум педофили, пронајден детски порнографски материјал

Во големата акција „Армагедон“ денеска биле уапсени седум лица кои се осомничени за искористување на деца за порнографија од шест до десет години, но и на возраст под две години.

Потпретседателот на Владата на Србија и министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека во големата акција „Армагедон“ денеска биле уапсени седум лица кои се осомничени за искористување на деца за порнографија од шест до десет години, но и на возраст под две години, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во големата акција ’Армагедон‘ беа уапсени седум лица кои се осомничени за искористување на деца за порнографија. При претресот на становите, преку увид во компјутерите беа пронајдени фотографии и видео записи кои се резултат на сексуална експлоатација на децата, во најголем број случаи на возраст од шест до десет години, но и на возраст под две години, изјави Дачиќ.

Исто така, беа пронајдени пораки преку кои осомничените сексуално злоупотребувале деца и малолетни лица, односно барале од нив да испратат слики и видеа на кои се голи, изјави министерот Дачиќ.

Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјалното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал во соработка со полициски службеници на Дирекцијата за техника, Службата за борба против високотехнолошки криминал и полициски службеници од полициските одделенија Смедерево, Пирот, Шабац, Лесковац, Тутин, Врање и Бор успешно ја спроведоа акцијата „Армагедон“ при што беа уапсени седум лица од територијата на Република Србија.

Уапсени се М.Ц. (1958) од Шабац, Н.Б. (2000) од Пирот, П.С. (1999) од Лесковац, М.А. (1980) од Тутин, П.Д. (2000) од Смедерево, Л.Л. (1995) од Врање, и М.М. (1993) од Неготин.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и во законскиот рок со кривична пријава ќе бидат изведени пред Специјалното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград. /МИА

Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10.766.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17.2 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 22.2 %, во приградскиот превоз е намален за 13.1 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6.6 %, а во меѓународниот превоз е намален за 32.6 %.

Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 12.0 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 1.6 %, во приградскиот превоз е намален за 8.6 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 14.2 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27.7 %.

притисни ентер