Танцува на покрив на Ламборџини, реакцијата кога пука шофершајбната е хит (ВИДЕО)

Во ерата на социјалните медиуми, инфлуенсерите и креаторите на содржини сакаат да ги изненадат/шокираат корисниците, па често ги поместуваат границите.

Подготвени се да изведуваат разни подвизи и акробации, а едно такво видео веќе некое време кружи на интернет.

Прво беше објавено на Редит и прикажува девојка како се качува на покривот на скапо Ламборџини и почнува да танцува.

Веруваме дека љубителите на автомобили, особено на егзотичните, не гледаат со одобрување на оваа сцена. Да не зборуваме дека таа ја скрши шофершајбната газејќи на покривот.

MC dances on top of car and breaks the windshield 🤦‍♂️
byu/EthanthegamerGD inImTheMainCharacter

Таа и самата изгледа е шокирана од последиците, но не престанува да се смее и да танцува, пренесува NDTV.

„Што луѓето нема да прават за лајкови и кликови“, напишал еден корисник.

Времето и местото каде е снимено видеото не се откриени, а претпоставуваме дека сопственикот морал да издвои значителна сума за поправка на шофершајбната.

Бајден: На студентските протести поради војната во Газа мора да владее ред

Бајден во Белата куќа рече дека изразувањето различно мислење е од суштинско значење за демократијата, но нагласи дека правото на протест никогаш не смее да доведе до нереди.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека правото на протест е загарантирано демократско право, но истакна дека поредокот мора да надвладее по судирите меѓу полицијата и студентите кои протестираа во универзитетските кампуси низ САД поради војната во Појасот Газа.

Бајден во Белата куќа рече дека изразувањето различно мислење е од суштинско значење за демократијата, но нагласи дека правото на протест никогаш не смее да доведе до нереди.

Тој додаде дека студентските протести не го натерале да го преиспита својот пристап кон војната во Појасот Газа.

Пред повеќе од една недела американскиот претседател ги осуди „антисемитските протести“ на американските универзитети и, како што наведе, „оние кои не сфаќаат што се случува со Палестинците“.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, вчера рече дека Бајден „будно ја следи ситуацијата“ и оти некои универзитетски демонстрации ја преминале границата што ја дели слободата на говорот од незаконското однесување, наведувајќи го примерот на Универзитетот Колумбија каде, според неа, студентите насилно ја зазеле зградата. /МИА

Поголемиот дел од Кенија е без струја, земјата е зафатена од поројни врнежи

Прекин на струја вечерва погоди голем дел од Кенија, соопшти дистрибутерот на електрична енергија Кенија Пауер (Kenya Power), обвинувајќи го за тоа „прекинот во системот“.

„Жалиме за сите предизвикани непријатности и бараме од нашите клиенти трпение додека работиме да го вратиме нормалното напојување што е можно поскоро“, се вели во соопштението на Kenya Power.

Прекинот во снабдувањето со струја доаѓа додека Кенија се бори со поројните дождови кои предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку 188 луѓе и 165.000 се раселени.

Покрај главниот град Најроби, каде живеат околу пет милиони луѓе, прекин на електрична енергија има и во други градови, вклучително и Момбаса. /МИА

Скопјанец насила изваден од неговиот дом, нанесени му се неколку убодни рани

Скопјанец насила изваден од неговиот дом, со возило одведен кај Транспортен центар каде му се нанесени неколку убодни рани.

К.Б.(34) од Скопје вчера во 7:40 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека ноќта меѓу 24 и 25 април годинава околу 1:30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач.

Како што информира МВР, според пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер