Решавачката предност кумановци ја направија во втората четвртина која ја добија со 26:13 и на крајот славеа победа со 97:90. Ова за Куманово беше четврта победа во првенството.

Најефикасен на натпреварот беше македонскиот репрезентативец во дресот на Куманово, Александар Костоски со 28 поени, а Вукашин Мандиќ постигна 23. Во редовите на Фени Индустри најпрецизен беше Мајкл Амос со 26.
Денеска од 19 часот во Гевгелија ќе играат Кожув и Водњански лисици. Поради изречената суспензија и исклучувањето од лигата на КК Работнички до донесување на одлука на Арбитражната комисија одложен е натпревар Струмица – Работнички.

На 12.ноември (среда) ќе играат МЗТ Скопје Аеродром – Гоце Делечев, а во оваа рунда слободна е екипата на Карпош Соколи.

Датум на објава: сабота, 08 ноември 2014 во 09:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар