На фјучрсот во Варна (награден фонд 10.000 долари) Ѓорческа во првото коло ја победи Јулија Терзијска од Бугарија со 6:4 и 7:5 во два сета.
Попладнево Ѓорческа ќе има настап и во игра на двојки.

Триумф во првото коло на фјучрсот во Сокобања, Србија (фонд 10.000 долари) оствари Димитар Грабул, кој со 6:2 и 6:1 во гемови го победи Марсел Валох од Австрија.

Непријатно изненадување доживеа Томислав Јотовски по поразот од Данаил Тарпов од Бугарија со 2:0 во сетови (7:6 (7:0) и 6:2). Поразот на Јотовски значи дека во 2.коло нема да има нов меч на македонските тенисери.

Елиминација доживеа и Бесир Дургути, кој загуби со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) од Французинот Меди Шетар.

Пораз на фјучрсот во Бол, Хрватска (фонд 10.000 долари) во 2.коло претрпе и Магдалена Стоилковска, која загуби од третата носителка Тена Лукас од Хрватска со 6:4 и 6:0. Стоилковска попладнево ќе има настап и во игра на двојки. /МИА

Датум на објава: среда, 24 септември 2014 во 15:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар