Карпош Соколи вечерва во реванш-осминафиналниот дуел забележа победа против Вардар Апаве со 85:77 (по четвртини 30:24, 11:15, 22:26 и 22:12).Ова беше втора победа за Соколи во овој двомеч. На првиот дуел кога беа гости победија со 67:65.

Претходно место на „Фајнл еит“ обезбедија Фени Индустри, МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Работнички, Лирија, Куманово и Струмица.

Жрепката за двојките за завршниот турнир кој ќе се одржи во Охрид од 6 до 9 февруари е предвидена за утре за кога е закажана и прес-конференција на Македонската кошаркарска федерација. 

Датум на објава: четврток, 30 јануари 2014 во 21:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар