Саито кој се натпреварува во брзо лизгање падна на допинг тестот спроведен ден по неговото пристигнувањето во Пјонгчанг. Јапонецот користел ацетазоламид, супстанца која се користи за прикривање на трагите на други забранети супстанции кои придонесуваат за подобрување на спортски перформанси.

Тој е суспендиран од неговата репрезентација и вратен дома, а допрва го очекува санкција од МОК.

Спортистот негира користење на недозволени средства.

- Никогаш не сум се обидел такво нешто. Поминав и анти-допинг обука и никогаш не би користел стероиди. Сакам да ја докажам мојата невиност. Ја прифаќам одлуката на репрезентацијата со цел да не бидам товар за тимот, рече Саито. 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 10:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар