Шутерот најверојатно ќе се приклучи на тим со поголеми амбиции, а „ЕСПН“ објави дека три тима, кои се борат за учество во плеј-офот, имаат интерес за неговите услуги.

Триесет и едно годишниот Белинели постигна 11,4 поени со 37,2 отсто стапка на успех за тројка во 52 натпревара во „Хокс“ оваа сезона. Како главни кандидати за неговиот потпис се посочени еден од неговите поранешни тимови - Сан Антонио, како и Оклахома Сити и Филаделфија.

Европеецот има вкупно 696 натпревари за осум тима во Лигата - Голден Стејт, Торонто, Њу Орлеанс, Чикаго, Сан Антонио, Сакраменто, Шарлот и Атланта. Неговите просечни бројки се 9,8 поени, 2,0 скокови и 1,7 асистенции.

Белинели има шампионски прстен со Сан Антонио од 2014 година./МИА

Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 15:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар