„Сино-белите“ во пресметката со „змајчеки“ ќе пробаат да дојдат до четвртиот триумф во регионалното натпреварување, без разлика на проблемите со повредените играчи со кои тренерот Жељко Лукајиќ се соочува веќе подолго време.

- Во секој натпревар влегуваме со желба за победа и за стабилизација на играта. Не следат милион работи кои мора да ги решаваме во од, но мора да го вежбаме и карактерот. Се надевам дека ќе успееме да решиме еден голем проблем, а тоа е играта против агресивна одбрана, што се покажа како лош дел од нашата игра. На такви работи мора да обрнеме поголемо внимание, бидејќи поради противничкиот пресинг имаме голем број загубени топки. Се надевам дека веќе на мечот против Петрол Олимпија ќе имаме одреден одговор на тоа бидејќи овие денови напорно трениравме на овој сегмент, вели тренерот Лукајиќ.

Ова ќе биде 12. меч на двата тима во регионалната лига. Досегашниот меѓусебен скор е 6-5 во корист на Петрол Олимпија. 

Датум на објава: сабота, 03 февруари 2018 во 13:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар