Откако беше ангажиран Кутињо, за сума од 160 милиони евра, сега Барселона за своето второ „зимско“ засилување одвои 11,8 милиони евра, за неговиот премин од бразилскиот клуб Палмеирас.

Мина (23) потпиша договор со Барселона со важност до 30 јуни 2023 година, а каталонскиот тим веќе ја утврди и сумата за предвремената откупна клаузула која изнесува 100 милиони евра.
 
Мина кој игра на централната бековска позиција, заедно со Пике треба да донесе дополнителна цврстина во одбранбената линија пред голот на Барселона, особено во воздушните дуели, во кои покрај својата висина (195 сантиметри) ќе ја користи и својата цврста конституција./МИА

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 21:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар