Охриѓани попладнево во меч од 13. коло, се поразени пред својата публика од црногорскиот тим Ловќен од Цетиње со 75-96, по четвртини 20:21, 21:23, 16:27 и 18:25.
Освен Американецот Кенет Рос, кој постигна 26 поени, и Хрватот Мартин Јунаковиќ, кој придодаде 23, ниту еден друг играч кај охридската екипа не покажа отпор, барем што се однесува до нападот.

Охриѓани се убедливо последни на второлигашката табела во АБА конкуренцијата, во која единствениот позитивен резултат го имаат благодарение на службената победа над екипата на Босна Ројал која поради финансиски причини не допатува на дуелот во Охрид.

Следен противник на АВ Охрид ќе биде српската екипа Вршац, против која ќе игра на гостински терен следната среда (17 јануари)./МИА

Датум на објава: среда, 10 јануари 2018 во 20:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар