Традицијата долга речиси половина век, продолжува и вечерва кога на програмата се неколку интересни дуели.

Можеби оваа традиција не им се допаѓа на скапо платените ѕвезди, но затоа НБА фановите имаат можност да уживаат во квалитетни дуели.
Години наназад, традиција е на божиќ да играат двете најдобри екипи од претходната сезона, односно тимовите кои се бореа за шампионскиот трофеј. Така ќе биде и вечерва кога од 21 часот (македонско време), актуелниот шампион Голден Стејт ќе го започне дуелот пред своите симпатизери против вицепрвакот Кливленд.

Битката помеѓу Дурант и Кари против Леброн, Лав и Вејд е највозбудлива во последните години, па затоа и овој божиќ ќе биде збогатен со судир на овие кошаркарски великани. Тоа ќе биде и првиот меѓусебен дуел на овие два тима во новата сезона, во која двата тима во моментов се на вторите места во своите конференции.
Покрај овој меч божиќната НБА понуда ќе ги донесе и дуелите меѓу: Бостон – Вашингтон (од 23:30 часот), Оклахома – Хјустон ( од 02,00) и Лос Анџелес Лејкерс – Минесота (од 04,30)./МИА

Датум на објава: понеделник, 25 декември 2017 во 20:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар