Брајант со емотивен говор им се обрати на навивачите на церемонијата во преполниот „Стејплс Центар" на полувремето на натпреварот против Голден Стејт.

- Тешко ми е да најдам вистинските зборови. Како дете гледав и се учев од сите овие големи играчи, чиј дресови се закачени во салата. Тие ме мотивира, изјави Коби.

Тој се сврти кон своите три ќерки и им порача дека сонот се остварува кога некој работи и е тврдоглав.

Брајант на церемонијата пристигна со хеликоптер кој слета на покривот на салата. Тој целата своја 20-годишна кариера ја помина во Лејкерси. Освои 5 титули во НБА, еднаш стана MVP на сезоната и два пати во финалето. Има две титули со САД на Олимписките игри во 2008 и 2012 година. Од кошарката се откажа во 2016 година. 

Датум на објава: вторник, 19 декември 2017 во 09:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар