Според овие извори, како што јави МИА, ѕвездата на Реал Мадрид веќе остварил средба со сопственикот на Монако, Дмитриј Риболовљев.

Неофицијално, рускиот богаташ на Роналдо му понудил годишна плата од 21 милион евра, или осум милиони повеќе од платата што ја заработува во „Кралскиот клуб“.

Роналдо на состанокот со раководството на Монако изјавил дека е среќен во Реал Мадрид, но оставил и отворена можност да заигра за друг клуб.

Ова негово изјаснување во Франција е протолкувано како голема веројатност Португалецот да ја прифати понудата на Риболовљев и да го засили Монако.

Датум на објава: петок, 12 јули 2013 во 13:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар