На Средата одиграна попладнево во СЦ „Борис Трајковски“, екипата на Металург загуби од Чеховски Медведи со 26-29 полувреме 12-17.
Избраниците на Александар Јовиќ лошо го започнаа мечот па веќе во 12 минута имаа негатива од четири гола (1-5). Ниту во продолжението Металург не успеа да направи конкретен резултатски приклучок, па на одморот гостите од Русија заминаа со предност од 17-12.
И во вториот дел иста слика на теренот. Металург се обидуваше, а Чеховски Медведи возвраќаше веднаш, па на крајот гостите заслужено се радуваа на првата победа и бодови во Лигата на шампионите, со конечен резултат 29-26.

Најефикасен во редовите на македонскиот вице-првак беше Божо Анџелиќ со пет гола, додека еден помалку постигнаа, Жарко Пешвски, Давор Палевски и Александар Гуглета.

Вчера во рамките од оваа група, победи пред својата публика остварија Мотор Запорожје над Бешикташ со 28-22 и Нант кој минимално со 33-32 го победи Спортинг.

На табелата лидер е францускиот Монпеље со 12 бодови, пред Мотор Запорожје кој има 8, а Бешикташ и Металург по 5 бода, додека на последните две позиции се Спортинг со 4 и Чеховски Медведи со 2 бода.

Во следното коло Металург повторно ќе игра на домашен терен и тоа против францускиот Монпелје во недела (19 ноември)./MИА

Датум на објава: недела, 05 ноември 2017 во 20:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар