Портланд во вториот период имаше и водство од 18 поени (43:25), но дозволи противникот да поведе во последната четвртина.

Лилард натпреварот го заврши со 32 поена, додека Јусуф Нуркиќ реализираше 28.

На вториот натпревар одигран ноќеска шампионот Голден Стејт постигна убедлива победа на гости кај Сан Антонио со 112:92.

Почетокот на дуелот не навестуваше ваков резултат бидејќи Сан Антонио имаше водство од 18 поени (30:12) во финишот на првиот период. Гостите првпат изедначија на почетокот на второто полувреме (57:57), а потоа постојано ја зголемуваа разликата.

Четири играчи (Кевин Дјурант, Дрејмонд Грин, Клеј Томсон и Стеф Кари) од стартната петорка на првакот постигнаа 88 поени од 112 на целиот тим. Тоа за Голден Стејт беше шести триумф. /МИА

Датум на објава: петок, 03 ноември 2017 во 09:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар