Конкуренцијата ќе биде голема, бидејќи на шампионатот ќе настапуваат повеќе од 1.300 напреварувачи од вкупно 54 земји.
Селекторот на Македонија, Дејан Митровски одлучи боите на репрезентацијата да ги бранат: Хадис Рамадани (лоу кик -67 кг), Петре Велков (К1 -67 кг), Бобан Илиевски (лоу кик -75 кг), Мики Ивановски (К1 -86 кг), Јетмир Емрули (К1 -75 кг), Енвер Реџеповски (К1 -81 кг), Ненад Манојловски (Кик лајт -69 кг), Димитар Ѓоргиев (кик лајт -74 кг) и Милан Кубин (кик лајт -89 кг).

- Добро се подготвени нашите репрезентативци, бидејќи индивидуално се работеше со секого. За да не ризикуваме со повреди го одложивме Државното првенство, затоа што беше познат списокот на патниците за СП. Ќе бидам нескромен и ќе кажам дека очекувам 4-5 медали од овој Светски шампионат, изјави селекторот Митровски кој зеаедно со Драган Атанасовски ќе го сочинуваат тренерскиот тандем, а покрај нив ќе отпатуваат и судиите Андреј Ѓоргиев и Арбен Јонузи.

Како главни претенденти за освојување на медал се шампионите од Мундијалот во Белград пред две години, кога злато освоија Ненад Манојловски и Димитар Ѓоргиев кој е трикратен светски шампион.

Но, се очекува на медал да атакуваат и Рамадани, Кубин, Емрули и Реџеповски.

Репрезентацијата за Будимпешта заминува во петок на 3 ноември, а три дена подоцна (6 ноември) ќе започнат и борбите кои ќе се одржуваат се до 11 ноември./МИА

Датум на објава: четврток, 26 октомври 2017 во 19:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар