Избраниците на тренерот Лино Червар ја имаа контролата на резултатот уште од почетните минути кога и ја направија решавачката разлика. Металург одигра перфектно прво полувреме, со одлична игра во одбраната и со реализација од над 80 % во нападот. Средбата беше решена веќе по првите 12 минути, кога веќе беше неверојатни 8:0 за македонскиот претставник.

Домашните ракометари првата успешна реализација ја имаа дури во 13. минута. Во таква ситуација нашите ракометари со рутинирана игра го привршија првото полувреме и на одмор заминаа со предност од седум гола.

На почетокот од вториот дел ракометарите на Динамо заиграа поангажирано и ја намалија нашата предност на само пет погодоци, најпрво при 9:14, а потоа и при 11:16. Но, Металург повторно ја консолидираше одбраната, Арсиќ повторно фати неколку топки во серија, па набрзо стигна и до максималните +10, во 52. минута, 14:24.

Тогаш Червар ја повлече комплетната прва постава и во игра ги стави помладите играчи. Тоа го искористи противникот и до крајот успеа да ја преполови негативата. 

Датум на објава: четврток, 07 септември 2017 во 09:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар