Централна активност, рекреативната атлетска трка ќе започне во 17 часот кај карпата за искачување (Канал на Вардар, општина Карпош), а ќе заврши кај Градска плажа. (општина Центар).

Во рамки на настанот ќе биде организирана и еколошка акција за чистење на Кејот на Вардар, како и спортски активности: одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности.

Во пресрет на настанот, популарната македонска пејачка Каролина Гочева ги покани младите да дојдат и преку забава, физичка активност и дружење да се одбележи големиот државен празник. 

Датум на објава: среда, 06 септември 2017 во 13:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар