Тој победи во трката на 10.000 метри и го одбрани првото место од пред две години од шампионатот во Пекинг, а ја продолжи доминацијата бидејќи беше најбрз во оваа дисциплина и во Москва 2013 година.

Фарах имаше резултат 26:49.51 минути, втор на целта стигна Џошуа Чептегеи од Уганда, а трет Пол Кипгетич Тануи од Кенија.

Денеска на вториот ден од шампионатот ќе се одржат четири финални дисциплини: фрлање диск, скок во далечина и 100 метри кај мажите и трката на 10.000 метри кај жените.

На „стотката“ се очекува настап и на Усеин Болт за кого ова ќе биде последно Светско првенство. /МИА

Датум на објава: сабота, 05 август 2017 во 09:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар