Македонецот денеска во финалето по 3 часа и 48 минути игра го совлада Гиљерме Оласо од Шпанија со 2-1.
Трите сета беа одлучени во тај-брејк (7:6).

Македонецот поведе по првиот сет по 7:3 во тај-брејкот, а во вториот само два поена го делеа од триумфот, но Шпанецот направи пресврт и успеа да го изедначи резултатот по 9:7 во тај-брејкот. Во слична позиција се најде Гиљермо во третиот сет, но сега тој пропушти можност да го освои сетот, а со тоа и мечот и трофејот, па Јотовски откако се спаси од пораз, ја презема иницијативата и го реши мечот во своја корист по 7:4 во тај-брејкот.

Јотовски покрај трофејот и паричната награда од фјучрсот во Телави ќе заработи и нови поени кои ќе му донесат прогрес на АТП ранг листата. 

Датум на објава: недела, 16 јули 2017 во 16:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар