Милер поведе со 2-0 (6:3 и 6:4), Надал возврати во третиот и четвртиот сет (6:3 и 6:4), а вистинска драма да се случуваше во решавачкиот петти сет кој траеше повеќе о два часа и му припадна на тенисерот од Луксембург со 15:13 во гемови.

Имаше Милер можност и порано да го заврши дуелот, но не искористи во два наврата по две меч топки, за тоа да му успее во 28.гем од петтиот сет кога ја искористи петтата меч-топка.

Жил Милер во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Хрватот Марин Чилиќ.

Денеска на програмата е последниот осминафинален меч во кој се среќаваат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Адријан Манарино (Франција). Почетокот е закажан за 13 часот./МИА

коментари

остави коментар