Во првиот ред веднаш зад Ботас на утрешната главна трка ќе тргне Себастијан Фетел од Ферари.
Трето време во квалификациите имаше Луис Хамилтон од Мерцедес, но тој е казнет поради недозволена смена на кутијата на менувачот и поради тоа е поместен на осмата позиција.

Така третата стартна позиција му припадна на Кими Раиконен (Ферари), а по него следува тандемот на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен.
Шестото и седмото стартно место се за Роман Грожан и Серхио Перес од Форс Индија, а по Хамилтон, од петтиот ред (9. и 10.место) ќе стартуваат Естебан Окон и Карлос Саинс од Торо Росо.

Главната трка на патеката „Ред Бул ринг“ во близина на градот Шпилберг ќе почне утре од 14 часот.

Датум на објава: сабота, 08 јули 2017 во 17:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар