Репрезентациите на Белгија и на Грција се пласираа во полуфиналето на Европското првенство за кошаркарки што се одржува во Чешка откако во првите два четвртфинални дуели ги победија Италија односно Турција. Белгија беше поуспешна од Италија со 79:66, додека Грција убедливо ја совлада Турција со 84:55.

Во полуфиналето Белгија ќе игра со победникот од дуелот Шпанија и Летонија, а Грција за противник ќе го има подобриот тим од четвртфиналето меѓу Франција и Словачка. 

Полуфиналните натпревари се играат на 24.јуни .

Датум на објава: четврток, 22 јуни 2017 во 21:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар