Со оваа победа Унгарците го обезбедија второто место во групата, а со тоа и своето учество на Европскиот шампионат. Селекцијата на Белорусија забележа победа над Романија, со која Белорусите покрај својот го осигураа и пласманот на Србија на ЕП.

Комплетни резултати и пласман по одиграните средби од 5.коло:

Група 1:  Холандија – Данска 24:36 и Летонија – Унгарија 23:35.
Табела: *Данска 9 бодови, *Унгарија 7, Холандија 4, Летонија 0.

Група 2:  Србија – Полска 34:34 и Романија – Белорусија 22:33.
Табела: Белорусија 7, Србија 7, Романија 4, Полска 2.

Група 3:  Босна и Херцеговина – Шпанија 19:25 и Финска – Австрија 36:39
Табела: *Шпанија 10, Босна и Херцеговина 4, Австрија 4, Финска 2.

Група 4:  Чешка – Исланд 27:24 и Украина – Македонија 27:27 (во Суми од 18 час)
Табела: Чешка 6, Македонија 6, Украина 5,  Исланд 4.

Група 5:  Португалија – Германија 26:29 и Швајцарија – Словенија 20:33
Табела: *Германија 10, Словенија 5, Португалија 5, Швајцарија 0.

Група 6:  Црна Гора – Шведска 28:24 и Словачка – Русија 24:25
Табела: *Шведска 8, Црна Гора 6, Русија 4, Словачка 2.

Група 7:  Литванија – Франција 25:26 и Белгија – Норвешка 27:43
Табела: *Франција 8, Норвешка 6, Литванија 6, Белгија 0.

*Пласман на Европското првенство покрај домаќинот Хрватска досега имаат изборено: Данска и Унгарија (1 група), Белорусија, Србија (2), Шпанија (3), Германија (4), Шведска (5), Шведска (6) и Франција (7).


Натпреварите од последното 6.коло ќе се играат претстојниот викенд. Македонија во Скопје ја пречекува Чешка во дуелот кој ќе се игра во недела.

Датум на објава: петок, 16 јуни 2017 во 11:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар