Возачот на Мерцедес ја освои 65-та пол позиција во кариерата со што се израмни на вечната листа со легендарниот Аиртон Сена, а лидер на оваа листа е Михаел Шумахер со 68 први стартни места во кариерата.

Луис Хамилтон доминираше во квалификациите, беше убедлив во однос на конкуренцијата, а своето најбрзо време го постигна во последниот круг 1:11.459 минути.  Веднаш зад Хамилтон во првиот стартен ред ќе биде лидерот во Генералниот пласман Себастијан Фетел, кој имаше 0.330 секунди послабо време од Британецот.

И во вториот ред ќе бидет возаќите на Мерцедес и Ферари и тоа Валтери Ботас пред Кими Раиконен.

Третиот ред го резервираа пилотите на Ред Бул Макс Ферстапен и Даниел Рикардо.

Трката за Големата награда на Канада на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал, ќе стартува во 20 часот по македонско европско време.

Датум на објава: недела, 11 јуни 2017 во 12:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар