Монако синоќа пред своите симпатизери на стадионот „Луј Втори“ во заостанат натпревар од 31.коло на Лига 1 го победија Сент Етиен со 2:0.

Стрелци на головите беа Килиан Мбапе (19.минута) и Валер Жерман (90+3).

Со трите освоени бодови Монако на коло пред крајот на првенството има недостижни шест бодови повеќе во однос на Пари Сен Жермен кој беше првак на Франција во изминатите четири сезони. /МИА

коментари

остави коментар