МЗТ Скопје имаше сила само за првиот период, во кој не му дозволуваа на противникот да направи поголема резултатска предност. Во вториот период, се разиграа шутерите од домашниот состав и со речиси двојно повеќе реализирани поени од гостите отидоа на полувреме со водство од 60:42.

Добрата игра на „соколите“ продолжи и во третата четвртина, а разликата достигна највисоки 25 поени (81:56). Гостите од Аеродром се „разбудија“ во последната четвртина, ја преполовија негативата (87:80) но брзата транзиција не беше доволна за пресврт на резултатот.

Драган Лабовиќ со 24 поени и 10 скокови беше најдобар играч во победничкиот состав, додека Јуре Лалиќ со 16 поени се истакна кај „металците“.
Следниот меч во серијата прв до три победи се игра в петок кога домаќин ќе биде МЗТ Скопје. 

Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 08:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар