Иако гостинот настапи без повредените Кавај Ленард и Тони Паркер, успеаја да го декласираат противникот на негов терен.

Предводник во победата на Сан Антонио беше ЛаМаркус Олдриџ со 34 поени и 12 скока. Џонатан Симонс постигна 18 поени и 4 асистенции, додека Пети Милс имаше 14 поени и 7 асистенции.

Кај Хјустон, Тревор Ариза беше најефикасен со 20 поени.

Во финалето на Запад, Сан Антонио ќе игра против Голден Стејт.

На Исток финале обезбеди Кливленд, а во другата полуфинална пресметка Бостон води против Вашингтон со 3-2 во победи.

Датум на објава: петок, 12 мај 2017 во 09:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар