Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола изминатиот викенд учествуваше на шампионатот и во Македонија се враќа со 38 медали од кои 28 златни, 9 сребрени и 1 бронзен. На вториот светски фестивал учествуваа 600 спортисти од 15 земји.

Младите Македонци по 3 пат го собираат златото кај јужниот сосед во изминатите 6 месеци. Пред 2 месеци учествуваа на 6-тиот Интернационален и 12-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини „Мигдониа” 2017 од каде што се вратија со 20 златни и 4 сребрени медали, додека пак на крајот на ноември минатата година, Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола, на натпреварите во Солун освои 39 златни и 3 сребрени медали.



Датум на објава: понеделник, 08 мај 2017 во 15:48
Сања Ристовска

коментари

остави коментар