Швајцарскиот тенисер во Дубаи продолжува да се подготвува за претстојните обврски.

- До 10 мај во консултации со мојот тим ќе одлучам дали ќе играм на Ролан Гарос или ќе го пропуштам турнирот. Не сакам да се појавам во Париз за само колку да се рече дека сум учествувал. Само ако бидам целосно подготвен и мотивиран ќе играм, вели Федерер.

Негова цел е освојување на осмата титула на „Вимблдон“ и во таа насока ќе биде подреден настапот на „Ролан Гарос“.

- Кога времето е убаво, подлогата во Париз е многу брза, речиси како на „Вимблдон“. Во овој случај, би можел да ја играм мојата препознатлива агресивна игра и тоа би можело да биде подготвка за тоа ѓто следи на трева, истакна Федерер. 

Датум на објава: недела, 16 април 2017 во 16:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар