Таа и покрај тоа што не ги мина квалификациите (поразена беше во 3.коло од квалификациите) како „среќен губитник“ доби шанса да настапи на главниот турнир. Денеска настапот го откажа шестата носителка Алис Корне од Франција и Ѓорческа настапи на нејзино место.

Поуспешна од Ѓорческа беше младата тенисерка од Чешка, Маркета Вондрусова (17 години), која оствари победа од 2-0 во сетови. Првиот сет по голема борба и припадна на Вондрусова со 7:6 во гемови и 7:4 во тај брекот, додека во вториот сет Ѓорческа беше во негатива од 5:0 и сетот заврши со 6:1 во гемови за ривалката. Мечот траеше 65 минути.

Нашата тенисерка на овој турнир ќе настапи и во конкуренција на двојки каде утре заедно со Русинката Анастасија Комардина ќе играат против четвртите носителки Елис Мертенс (Белгија) и Хетер Вотсон (Велика Британија). 

Датум на објава: вторник, 11 април 2017 во 16:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар