По триумфот претпалднево над Малта во продолжението на мечот од вчера со 2:1, македонските тенисери експресно стигнаа до триумф над Исланд.

Двата сингл меча Димитар Грабул и Томислав Јотовски ги решија за помалку еден час. Грабул го победи Рафн Камар Бонифациус со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2 во гемови). Јотовски беше уште поубедлив и со 2-0 во сетови го победи Биркир Гунарсон препуштајќи му само еден гем (6:0 и 6:1).

Мечот од играта во двојки нема да влијае на конечниот исход. За Македонија ќе играат Горазд Србљак и Шендрит Деари, а за Исланд Владимир Ристиќ и Егил Сигурдсон.

Според програмата, Македонија денеска треба да игра и меч против Молдавија (3.коло), која во ова второ коло за ривал ја има Малта и резултатот по два меча е 1:1 и ќе решава мечот во двојки.

Датум на објава: петок, 07 април 2017 во 16:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар