Мажите на домашен в недела на терен го пречекуваат Кристијанштад од Шведска.

Без оглед на исходот Вардар е сигурно прв на табелата и има директен пласман во четвртфиналето но затоа пак Кристијанштад ќе бара победа во Скопје за учество во осминафиналето.

Трета засегната страна е Загреб кој ке чека триумф на Вардар.

Загрепчани синоќа на домашен терен го победија Целје во дуел што предизвика многу жолчни расправии.

Гостите отворено ги обвинија белоруските судии Гушко и Репкин за брутална кражба.

Ракометарките на Вардар пак утревечер ќе го пречекаат германски Турингер на кој ќе дебитира новиот тренер Полторацкаја-Дибирова.

Датум на објава: петок, 10 март 2017 во 18:07
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар