- ФИФА и Организацискиот комитет на натпреварувањето не разгледуваа можност за какво било прекинување, соопштува ФИФА, пренесе МИА.

Претходно неколку бразилски медиуми најавија можен прекин на Купот на конфедерации.

Изминативе неколку дена низ повеќе бразилски градови се случуваат масовни протести поради социјални проблеми, како што се високи даноци, инфлација, корупција, зголемени цени на јавните услуги, како и поради големите трошоци за подготовка на Светското фудбалско првенство 2014 и ЛОИ 2016 година кои се проценуваат на 25 милијарди долари.

На Купот на конфедерации вечерва се играат натпреварите од 3.коло во А група, Италија - Бразил и Јапонија - Мексико.

Датум на објава: сабота, 22 јуни 2013 во 12:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар