Гостите од Загреб влегуваа како фаворит на овој натпревар, бидејќи аеродромци веќе подолго време не се во комплетен состав поради повредени играчи, а така ќе биде и на овој меч во СЦ „Јане Сандански“. Тренерот Анте Назор нема да може да смета на центрите Јуре Лалиќ (скршен нос) и Даниел Кларк (повреда на ногата), како и на Стојан Ѓуровски кој се рехабилитира по повредата на препоните.

Резултати на трите досега завршени средби од 16.коло:
Карпош Соколи – Морнар 75:63,
Будуќност – Мега Лекс 88:80 и
Цибона – Партизан 77:82.

Другите двојки се:
Црвена звезда – Задар,
Олимпија – Игокеа и
ФМП – Крка.

Табела: Црвена звезда 15-0 (победи-порази), Партизан 13-3, Будуќност 11-5, Цибона 10-6, Цедевита 10-5, Игокеа 8-7, Олимпија 7-8, Морнар 5-11, Мега Лекс 5-11, Карпош Соколи 5-11, Задар 6-9, Крка 5-10, ФМП 4-11 и МЗТ Скопје Аеродром 4-11.

Датум на објава: понеделник, 02 јануари 2017 во 10:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар