Актуелниот шампион Хамилтон во синоќешните квалификации оствари најдобар резултат, оставајќи го веднаш зад себе најголемиот конкурент за титулата и клупски колега Нико Розберг кој е пред него во генералниот пласман.

Од вториот ред трката ќе ја започнат возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикардо.

На три трки до крајот, вклучувајќи ја и денешната, водечки во генералниот пласман е Германецот Нико Розберг со 311 бодови, 26 повеќе од Хамилтон, додека Даниел Рикардо е трет со 227.

Розберг ќе има шанса да ја освои титула, доколку победи на трката, а Хамилтон не освои ниту еден бод.

Трката за Големата награда на Мексико која се вози вечерва ќе стартува во 20 часот по македонско време. 

Датум на објава: недела, 30 октомври 2016 во 12:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар