„Кариоките“ вечерва по голема борба ја победија Италија со 3:0, по сетови, 25:22, 28:26 и 26:24.

Златото на Бразил донесе огромна радост кај домашните навивачи во салата меѓу нив беше и капитенот на фудбалската репрезентација Нејмар кој синоќа ги предводеше Бразилците до првото олимписко злато.

Бронзениот медал и третото место на одбојкарскиот олимписки турнир им припадна на САД кои во малото финале ја победија Русија со 3-2. /МИА

коментари

остави коментар