- Честитки за играчите на двете селекции за одличниот натпревар. Водевме во најголемиот дел од натпреварот и можеме да жалиме за вториот бод. Задоволен сум од нерешениот резултат со Норвешка, тоа е селекција која игра одличен ракомет на шампионатот, изјави на прес- конференцијата по натпреварот селекторот Ивица Обрван.

Ракометарот Гоце Георгиевски, кој натпреварот го заврши со два постигнати гола, рече дека Македонија треба да жали што не победила на овој натпревар со Норвешка.

- Треба да жалиме што не победивме на овој натпревар. Имавме и напад за победа на крајот од натпреварот, но не го искористивме. Одигравме одлично против многу добар тим и на крајот треба да се подготвиме добро и да постигнеме победа против Белорусија на последниот дуел, истакна Георгиевски.

Македонија последниот натпревар на ЕП го игра во среда на 27 јануари против Белорусија со почеток во 16 часот. 



коментари

остави коментар