Ова за Ѓоковиќ е вкупно 10.та Грен слем титула во кариерата, а втора во Њујорк (првата во 2011 година).

Воедно ова за него беше вкупно 55-ти АТП трофеј.

Дуелот подобро го почна Ѓоковиќ кој поведе со 1:0 во сетови, но сепак Федерер успеа да изедначи. Во третиот и четвртиот сет Ѓоковиќ успеа да спаси неколку брејк топки и тоа му овозможи да дојде до победата.

Србинот имаше шест брејка од 17 можности, а Федерер четири од 23 прилики.

Со овој триумф Ѓоковиќ го изедначи скорот во меѓусебните дуели против Федерер (21:21). /МИА

Датум на објава: понеделник, 14 септември 2015 во 09:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар