Спасување мачка во поплавите во Дубаи

Полицијата во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по силниот дожд што го зафати тоа подрачје, спаси мачка од обилните поплави. Мигот на спасувањето стана видеохит на мрежите.

На снимките се гледа како црно-белото улично маче очајно се закачило за вратата од еден автомобил, сѐ дури спасувачите не го земат и однесат на безбедно, пренесува „Си-ен-ен“.

Според наводите, за само 24 часа во Дубаи наврнал дожд колку што вообичаено паѓа за две години во ова подрачје. Емиратските медиуми дождот од завчера веќе го нарекуват - „историски метеоролошки настан“ што надминал „сѐ што е документирано од почетокот на собирањето податоци“ (за времето) во 1949 година.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер