Славна актерка им одговори на критичарите: Извинете, ама моите гради ми се одлични (ФОТО)

Актерката Сиднеј Свини им возврати на критичарите на нејзиниот физички изглед со неодамнешна објава на социјалните мрежи.

Ѕвездата на „Еуфорија“ доби многу коментари и прашања за нејзината фигура, а неодамна му возврати на еден продуцент кој тврдеше дека Свини „не е убава“ и „не може да глуми“. Во новата објава на Инстаграм, 26-годишната актерка ги разјасни чувствата за коментарите за нејзиниот изглед со порака на нејзината маица.

На неколку фотографии се гледа како актерката носи сив џемпер на кој е прикажана девојка од цртан филм што отскокнува, со натпис: „Извинете што имам одлични гради“. На друга фотографија, насловена како „добри времиња и тен“, Свини се забавува со своите пријатели.

На почетокот на овој месец, Свини се најде на удар на холивудската продуцентка Керол Баум, која го критикуваше нејзиниот изглед и актерските способности за време на дискусијата по прикажувањето на нејзиниот филм „Мртви ѕвонења“ од 1988 година.

„Не ја разбирам Сиднеј Свини“, рече продуцентката, објаснувајќи дека до тој заклучок дошла откако го гледала последниот филм на актерката „Секој освен тебе“. „Сакав да знам која е таа и зошто сите зборуваат за неа“, додала Баум. Таа, исто така, ја опишала романтичната комедија Anyone But You како „негледалива“.

Баум откри дека дури и нејзините студенти на Факултетот за кинематографски уметности на Универзитетот во Јужна Калифорнија не можат да дадат задоволителна причина зошто 26-годишната ѕвезда е толку популарна. „Реков во училницата: „Објасни ми ја оваа девојка. Таа не е убава, не може да глуми. Зошто се крева толкава врева околу неа? Никој немаше одговор“, се сеќава таа.

Не долго потоа, Свини одговори на нејзините критики. „Колку е тажно што една жена која е во позиција да ја сподели својата експертиза и искуство, наместо тоа избира да нападне друга жена. Нејзиното неправедно омаловажување доволно зборува за ликот на г-ѓа Баум“, ѝ одговори актерката.

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската Болница.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.

- На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило „опел" е пренесена во Медицински центар Штип, изјави Трајанова.

Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно, најмногу во Грција

Во Европската унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што спаѓа во долго работно време, покажуваат податоците објавени од Евростат.

Од земјите на Европската унија најголем удел на работници со долго работно време има Грција, поточно 11,6 отсто, потоа Кипар со 10,4 отсто и Франција со 10,1 отсто.

Најмал удел на вакви работници е забележан во Бугарија, 0,4 отсто, како и во Литванија и Летонија, по 1,1 отсто.

Речиси една третина од самовработените или поточно 29,3 отсто од оваа категорија работат 49 или повеќе часа неделно, додека кај вработените овој процент е значително помал и изнесува 3,6 отсто.

Долгите работни часови најчесто се застапени кај квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството, како и кај менаџерите.

Како што пренесува порталот Статиста, вработените со полно работно време во Европската унија во првиот квартал од 2023 година работеле во просек по 40,4 часа неделно.

Истражителка на ОЈО Скопје за компјутерски криминал со меѓународно признание од ИЛЕА

Меѓународната академија за спроведување на законот (ИЛЕА) во Будумпешта додели признание за работата и постигнувањата на Марина Пешовска, истражителка за компјутерски криминал од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство Скопје.

Пешовска беше избрана како финалист во категоријата “оперативен успех” поради успешна примена на вештините за дигитална форензика во борбата против локалниот и транснационалниот сајбер-криминал.

Успехот на Истражниот центар го истакна и Амбасадата на САД во Скопје. “Американската амбасада е горд партнер на Основното јавно обвинителство Скопје во неговата борба против компјутерскиот криминал и промоцијата на одговорноста”, објави Амбасадата на САД во Скопје за признанието од ИЛЕА.

Пешовска е еден од 17-те истражители во Истражниот центар на ОЈО Скопје.

Истражниот центар е своевидно јадро на обвинителството и бројот на предмети во кои постапувале истражителите за една година е практично речиси удвоен – од 150 предмети во 2022 на над 280 предмети во текот на 2023 година. Истражителите самостојно преземаат голем број различни дејствија – прибирање документација, барања до институции, учествуваат при претреси и лишување од слобода на лица, а се ангажирани и во дејствија на меѓународна соработка со истражни органи од други земји.

Најголем дел од опремата за Истражниот центар на ОЈО Скопје е донација од Амбасадата на САД, соопштија од Обвинителството.

притисни ентер