Си Џинпинг ќе ја посети Србија на 7 и 8 мај, претходно ќе престојува во Франција

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во официјална посета на Србија на 7 и 8 мај, а домаќин ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот на Кина, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Србија“, соопшти прес-службата на претседателот на Србија.

Програмата и распоредот на посетата ќе бидат објавени подоцна.

Си Џинпинг во Србија ќе пристигне од Франција, каде ќе биде во државна посета.

„Посетата е по повод 60-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и по посетата на претседателот Макрон на Пекинг и Гуангжу во април 2023 година“, се вели во соопштението на француското претседателство.

„Разговорите ќе се фокусираат на меѓународните кризи, пред сè на војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, но и на трговските прашања, научната, културната и спортската соработка, како и на нашите заеднички активности за справување со глобалните предизвици - климатската вонредна состојба, заштитата на биолошката разновидност и финансиската состојба на најранливите земји“, додава претседателството.

Ова е почеток на првата европска турнеја на кинескиот претседател по пандемијата на Ковид-19. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Гибаница од бајат леб

Во среда  (15.05.2024) во емисијата гостин ни беше Влатко Плевнеш.

Состојки за денешниот рецепт:

1 бајат леб

500 мл. минерална вода

3 јајца

500 гр. кисело млеко или јогурт

100 гр. сирење

200 гр. кашкавал

микс од сувомесни производи

(печеница, сланина, свински врат и др.)

масло

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Соработничка на Бајден со еврејско потекло поднесе оставка поради политиката на САД кон Газа

Соработничка на Бајден со еврејско потекло поднесе оставка поради политиката на САД кон конфликтот во Појасот Газа

Специјалната помошничка на шефот на кабинетот на американскиот претседател во одделението за внатрешни работи, Лили Гринберг Кол, поднесе оставка поради американската политика кон конфликтот во Појасот Газа.

Гринберг Кол е првиот еврејски член на администрацијата во Вашингтон кој поднесе оставка во знак на протест поради ставот на Америка за актуелниот израелско-палестински конфликт.

Таа го обвини американскиот претседател Џо Бајден дека ги користи Евреите за да ја оправда американската политика во конфликтот, пишува „Гардијан“.

Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска

Во сообраќајна несреќа кај Сињ во Хрватска утрово загинаа четири лица за кои полицијата се сомнева дека се мигранти, а уште неколку се повредени.

Како што јавија хрватските медиуми помеѓу загинатите е и дете на 14-годишна возраст.

Според медиумите, за време на полициската потера од Триљ кон Брназ, автомобил „Ауди“ со унгарски регистарски таблички, бегајќи од полицијата, поради несоодветна брзина удрил во ѕид од трафостаница при што загинале четири лица. Во сплитската болница се пренесени пет лица со тешки повреди меѓу кои и дете.

Сплитската полиција соопшти дека патничкото возило излетало од патот, а потоа удрило во ѕид.

притисни ентер